Норвежанец го урна светскиот рекорд на 1500 метри

82

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригцен го собори светскиот рекорд во сала на 1.500 метри со време 3:30,60 минути. Тој истрча најдобар планетарен резултат синоќа на митингот во Левин, Франција.

Стариот рекорд од февруари 2019 година (3:31.04) го држеше Етиопјанецот Самуел Тефера, кој исто така трчаше синоќа, но заврши на второто место.

„Се надевав само на личен рекорд, но не ни сонував за нов светски рекорд“, изјави 21-годишниот Норвежанец, откако го собори својот прв светски рекорд во кариерата.

Тој досега има поставено европски рекорди на отворено на 1500 м. (3:28.32), 2000 м. (4:50.01) и 5.000 м. (12:48.45), но сега за прв пат истрча најдобро време во светот.

Ингебригтсен е олимпискиот шампион од Токио, а лани на истиот митинг го постави најдоброто европско време (3:31.80).

ПретходноРистовски асистент, но Динамо поразен во Севиља, Лацио совладан иако водеше (видео)
СледноДончиќ со нова блескава партија и 49 постигнати поени (ВИДЕО)