Норвешка го урна рекордот по бројот на медали на ЗОИ

105

Со победата на Јоханес Тинес Бо на денешната биатлонска трка на 15 километри со масовен старт, Норвешка дојде до рекордниот 15. златен медал на Зимските игри во Пекинг и стана првата земја која успеала да дојде до ова остварување.

Норвежаните пред четири години во Пјонгчанг освоија 14 златни медали, исто колку и Германија и Канада. Германците дојдоа до 14 златни медали исто на Игрите во Пјонгчанг 2018, додека Канада се закити со 14 златни медали на Игрите во Ванкувер во 2010 година.
Најмногу златни медали Норвепка освои во биатлон, вкупно има шест, четири во скијачко трчање, два во нордиска комбинација, и по едно во брзо скијање, скијачки скокови и во слободно скијање.
ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ испиша историја, Пелистер пак остана со празни раце (ФОТО)
СледноИлиевски револтиран: Треба да се запрашаме кои се вистинските актери на теренот!