Тимот на МЗТ Скопје Аеродром ја мина првата пречка на куп турнирот Благоја Георгиевски Буштур. Совладан е тимот на Гостивар, ни малку лесно, туку по жестока и неизвесна борба на теренот.
Тренерот на „Штрковите“ Дарко Радуловиќ изјави дека ова е меч кој може многу да му послужи како поука што треба, а што не треба да се прави на еден ваков натпревар.
„Мораме да извадиме поуки од овој дуел. Во вториот дел одигравме одлично во одбраната. При наше водство од десет разлика, играчите се опуштија, но иако пред себе имавме шутерска екипа која што ни даде 16 тројки успеавме славиме. Добро е што и на таков процент на погодени тројки на противникот, ние се радуваме на победата. Ова беше прв натпревар и се почувствува тој грч кај кошаркарите. Но мислам дека уште во следниот дуел ќе бидеме уште подобри. Мораме да коригираме некои работи во одбраната, затоа што евентуалниот противник на кој јас сметам дека ќе биде игра идентично како и Гостивар“– анализира Дарко Радуловиќ, шефот на струката на „сино-белите“ од Аеродром.