Во последниот четвртфинален меч од Купот на Македонија, Академија ФМП во супер интересна битка со 91:88 успеа да го победи Еуро Никел и да се пласира во утрешното полуфинале, каде ги чека дуел со ТФТ, кој пак беше подобар од Пелистер.
Кавадарчани подобро го започнаа мечот, имаа водство од 4:7, но сепак ФМП многу брзо воспостави рамнотежа на резултатот, а и “влезе“ во серија и дојде до водство од 16:7. Блескаше Ајви кој просто беше незадржлив за кошаркарите на Еуро Никел. Првата четвртина ФМП ја доби со 26:21.
Во вториот период одново момците на стратегот Самарџиев. Брзо ја анулираа минусната разлика, беа добри Нилоловски и Соколов за водство од 28:30.
Тоа беше знак момците на Петровиќ да се “стегнат“ и одново да заиграат како што посакуваат, па на крајот од првото полувреме имаа разлика од 49:45. Интересно е тоа што Ајви беше непогрешлив во шутевите за три поени, имаше пет од пет.
И тоа беше тоа од Еуро Никел, барем во тие моменти. Во третиот период ФМП просто доминираше на паркетот во “Кале“, поените се реда, разлика се зголемуваше. Ајви, Крстајиќ и Бакоч беа одлични и разликата во тој период беше и до 69:53. Но се виде дека кавадарчани не се даваат. Намалија на 69:61, што беше сосема добро за нив во финишот на третата четвртина која заврши со резултат 71:63, или резултатски само во таа четвртина од 22:18.
Во завршната четвртина, Еуро Никел „летаа“ на паркетот. Дубински и Николовски беа предводниците и се случи превсрт, водство од 74:75 за фаворитот на овој меч, барем според искуството од вакви мечеви.
Ги немаше веќе шутевите на Ајви, и на момент разликата беше 2:13 во поени во завршната четвртина. Следуваше резултатска неизвесност, тука беа со резултатот и двете екипи. На 3.39 минути до крајот ФМП имаше водство од 83:80, Ајви кочено погоди во овој период и дојде до своите 22 поени. Во последните секунди Соколов не реализираше зицер, а Крстајиќ од слободни погоди.На 10 секунди резултатот беше 90:86. На 2 секунди до крајот Калахан шутираше слободни, за 90:88, а Крстајиќ за крај 91:88 од слободни.