Француската биатлонка Браизаз-Буше е сензационална победничка на 12,5 км. масовен старт

128

Француската биатлонка Жастин Браизаз-Буше го постигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи злато во дисциплината масовен старт на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Браизаз-Буше има бронзен медал од Пјонгчанг во штафетата 4х6 километри, како и две сребрени и два бронзени медали од светските првенства, но ретко кој ја видел во кругот на кандидати за олимписко злато, особено откако на првите два настапи во Пекинг го зазеде 40. место во сингл и 48. во спринт.

Сепак, 25-годишната Французинка даде се од себе во последната дисциплина од женската биатлон програма во Пекинг, победувајќи ги сите фаворити на масовниот старт на 12,5 километри.

Норвежанката Тирил Екхоф, која ја освои бронзата пред четири години, освои сребро, а трета беше нејзината сонародничка Марта Олсбу Ројзеланд која го освои петтиот медал на ЗОИ во Пекинг.

ПретходноДвоен успех на Швајцарија во ски-крос
СледноПандев: Згрешив што не се пензионирав по ЕП 2020