Ејлин Гу го освои и второто злато на Игрите во Пекинг

112

Кинеската скијачка Ејлин Гу од утрово е двократна олимписка шампионка. Гу во последната дисциплина во слободно скијање за жени на Олимпијадата во Пекинг, успеа да го освои второто злато за себе, а вкупно трет медал на овие Игри.

Таа утрово беше најдобра и во дисциплината халфпајп, оставајќи ги зад себе канадските натпреварувачки Кеси Шарп и Рејчел Каркер.

18-годишната Гу е родена и живее во САД, а на ЗОИ во Пекинг настапува за Кина. Таа оствои злато во слободно скијање во дисциплините Биг Ер и халфпајп, а сребро во слопстајл.

ПретходноДончиќ со нова блескава партија и 49 постигнати поени (ВИДЕО)
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Шест тима по историја во „Кале“!