Капитенската лента направи раздор: Мегваер не сака да му ја препушти лентата на Роналдо

410

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е во непријатна ситуација поради капитенската лента! Формата и хармонијата во тимот не се на посакуваното ниво, иако тимот го сочинуваат многу скапи играчи. Промените направени во текот на сезоната со доаѓањето на Ралф Рангник не вродија со плод и тимот мака мачи со резултатите, а причината за тоа лежи и во отсуството на вистински лидер на теренот.

Според „Мирор“, Ралф Рангник одржал состанок со капитенот Хари Мегваер и Кристијано Роналдо, бидејќи планира да му ја препушти капитенската лента на Португалецот до крајот на сезоната. Англискиот стопер не сака да се помири со таа одлука, иако притисокот дефинитивно би паднал од него, откако неговата форма често е предмет на потсмев. Тој не сака долгорочно да ја загуби капитенската лента и тоа е тема на полемики во тимот.

Германскиот стручњак, кој ќе седне на директорската фотелја на крајот на сезоната, му ја додели улогата на тутор на Кристијано Роналдо, кој ги следи младите играчи во тимот и учествува во нивниот напредок. Португалецот сам по себе е авторитет, па Рангник верува дека лентата околу неговата рака би му донела на тимот мир и благосостојба.

ПретходноПо ѕверската партија: Томовски го предводи „Дрим тимот“ во Лигата на шампиони (ВИДЕО)
СледноНов „пех“ за Лејкерс: Повторно се повреди Ентони Дејвис