Нант дојде до шестата победа во низа, која ја почна пред Нова година. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец и селектор, Кирил Лазаров на гостувањето кај Шмабери славеше со убедливи 25-32 во рамките на 17. коло во францускиот шампионат.
Во оваа серија на победи, три се во домашното првенство, три во Европската лига.
Лазаров натпреварот го заврши со два погодоци од три обиди. Стандардно добра партија пружи Ривера со 11 гола од 13 обиди.
Нант останува на втората позиција на табелата, има 27 бода, пет помалку од лидерот ПСЖ.