Не заслужи тимот на Гостивар денеска во рамките од четвртфиналето на купот на Македонија да загуби, и да биде елиминиран, но едноставно овој тим немаше среќа против фаворизираниот МЗТ Скопје Аеродром. Еден удар, еден напад, ги делеше Гостиварци од пласман понатаму но тоа за нивна жал не се случи.
„Kога еден меч ќе се заврши на една топка и шут за победа, тоа боли. МЗТ Скопје победи заслужено. Имавме неколку играчи што ни недостасуваа во ротација. Се почувствува и тоа што единствениот плеј не одмори ниту една минута. Прво немавме реализација, па имавме еден пад, а на крај останавме и без енергија. Не искоростивме шут за победа, и тоа е тоа. Ни недостасуваше да ги затвориме офанзивните скокови на МЗТ Скопје преку кои ни даваа поени. На крајот одлучи една топка. Сепак, со ваква игра верувам дека Гостивар на крајот ќе заврши во ТОП-6 во мак-баскетот“– смета Александар Јончевски, тренерот на Гостивар.