Некогашниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, денеска немаше причина за радост на мечот на својот нов клуб, Монца, која загуби дома од Пиза со 2:1 и остана на петтото место во Серија Б. Но тоа не му пречеше да си се бакнува со својата девојка, која е 54 години помлада од него.
Берлускони го следеше денешниот дуел од трибините во друштво на својата сакана, Марта Фасина, која има само 32 години, наспротив Берлускони кој веќе има 85 години. 32-годишната девојка е во врска со Берлускони две години, а во Италија е позната по политичките активности.
You are old.
Not Berlusconi.
Berlusconi doesn’t age. pic.twitter.com/ldRQdFTFxC— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) February 19, 2022