Во дербито на 20.коло во ПМФЛ, утре на Арената во Скопје силите ќе ги одмерат статите градски ривали, Работнички и Шкупи. На стартот и двете екипи победија, па така се очекува интересна битка.
Арбин Зејнулаи оваа зима дојде во клубот од Градски парк, и тоа како го засили средниот ред на “романтичарите“. Во пресрет на утрешниот дуел тој за клупскиот сајт истакна…
“Минатата недела победивме во Битола, сега сакаме да продолжиме со добри резултати во серија. Атмосферата во тимот е одлична а ние ќе се потрудиме да ја одржиме со добра игра и добар резултат и на дуелот со Шкупи. Тие се лидери, имаат квалитетен тим, но Работнички и тоа како ќе се потруди да го сопре тимот од Чаир“ вели младиот играч за врска на Работнички.