Навивачите „вријат“ Вардар не игра ништо… Комити: “Бидете спремни на долг престој во втората лига” – тоа е пораката која ни ја испратија со оваа голема НУЛА !

2903

Кој го гледаше денешниот меч на тимот на Вардар на стартот на пролетната полусезона во ВМФЛ Запад, против тимот на Охрид може да констатира само едно. Дека „Црвено – црниот состав“ пролетва не да не ја стартува како што треба со ремито 0:0, туку треба да се запраша зошто воопшто почнувал ако вака мисли да игра. Вардар, не смее ниту да помисли, а не пак да одигра ваков ужасен меч во кој не може да надигра просечен македонски второлигаш, и тоа во ситуација кога е решен да се враќа во прва лига.

Ова не го вели Спортмедиа, ова го велат навивачите на Вардар, оние најверните, Комитите, кои денеска во голем број пристигнаа во Охрид, за да го бодрат својот тим, а добија „шамар“. И тоа врел. Соочување со реалноста дека Вардар пролетва ниту е посилен, (со засилувањата) ниту пак е поквалитетен и надмоќен над екипи како Охрид викендов, или пак Тетекс следниот.

Комити „вријат“ и со право.

“Бидете спремни на долг престој во втората лига” – тоа е пораката која ни ја испратија со оваа голема НУЛА ! – напишаа Комити очигледно соочени дека нивниот миленик во моментов е во ранг со екипи и клубови како Беса, Кораби, Воска и слични…всушност не, Воска не е слична. Воска во моментов е подобра…

ПретходноХофенхајм одработи за четврто место (ВИДЕО)
СледноАтлетико им се врати на победите