Екипата на Бадел 1862 очекувано се пласира во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција откако утринава во СРЦ Кале ја совлада екипата на Струга 2009 со 80:44. Баделки уште од стартот наметнаа темпо кое противничките не можеа да го следат, па на полувреме имаа +22 поени и веќе се знаеше кој ќе биде финалист на Купот.
Најефикасна во Бадел 1862 беше Стојановска со 14, а Димова, Трајчевска и Мети имаа по 12 поени.
Противник на Бадел 1862 во финалето ќе им биде подобрата од второто полуфинале меѓу бранителот на тронот Баскет Кам 2011 и Вардар кој ќе почне во 14:30 часот.