Баерн се засилува со халф на Ајакс и дефанзивец на Торино

108

Баерн Минхен ќе ги засили своите редови за наредната сезона. „Баварците“ се познати по тоа што предвреме ги договараат своите засилувања за наредната сезона, па според пишувањата на локалните медиуми германскиот првак договорил двајца играчи.

Едниот е Рајан Гравенберг кој има 19 години и игра за Ајакс. Овој фудбалер одби да го продолжи договорот па клубот од Амстердам е принуден што поскоро да го продаде. Агентот на овој играч е Мино Раиола кој веќе работи на зделката.

Ајакс ќе бара меѓу 25 и 30 милиони евра, а договорот на играчот истекува во 2023 година.

Друга цел на германскиот гигант е бразилскиот дефанзивец на Торино Глеисон Бремер. Со него веќе биле водени разговори откако претходно клубот не успеал да се договори со Челзи за трансфер на Андреас Кристенсен на „Алијанц арена“.

Бремер ќе ги чини „Баварците“ околу 15 милиони евра. Инаку тој дојде во Торино за 5,8 милиони евра во 2018 година и стана еден од најдобрите централни бекови во Серија А.

ПретходноВоска со селфи од Скопје го “поздрави“ Вардар!
СледноХофенхајм одработи за четврто место (ВИДЕО)