Бурата Јунис направи голема штета на стадионот на Ден Хаг

113

Бурата Јунис направи големи штети во Западна Европа. Од нејзе штети претрпеа и фудбалски клубови како и нивните стадиони. Најскапиот стадион на светот кој Тотенхем го чинеше повеќе од милијарди фунти се најде под притисок. Поради силниот ветер кровот на стадионот буквално „танцуваше“. Малку недостастуваше да се распадне од бурата.
И арената О2 во Лондон претрпе оштетувања на кровот, буквално се појави дупка која ќе треба да биде санирана што поскоро.
А најголема штета претрпе холандски АДО Ден Хаг чиј стадион се најде на силен удар на бурата. Стадионот остана без дел од кровот, а под налетот на бурата уништен е и еден столб со рефлектори

ПретходноЗејнулаи: Работнички ќе се потруди да го сопре Шкупи!
СледноРакометарите на Алкалоид си поигруваа со Текстилец!