Денеска стартуваат и возбудувањата во ВМФЛ – ЗАПАД. Лига која есеноска беше исклучително интересна, и поради фактот дека во неа сезонава играат гигантите Силекс и Вардар,како и новакот Воска Спорт. И сите три екипи се засилија, но има само едно место кое сигурно води во ПМФЛ, додека втората позиција ќе носи бараж.
Кратовци влегуваат пролетва со +9 бода во однос на втората Воска Спорт и +12 во однос на Вардар. Па затоа Силекс е речиси прволигаш, додека Воска Спорт и Вардар ќе водат жестока битка за тоа второ место и ќе чекаат кикс на лидерот.
Денеска се играат мечевите од 16.коло во кое Силекс дома игра со Гостивар, Воска Спорт му гостува на Кадино а Вардар ќе игра во Охрид со истоимениот тим. Во останатите мечеви, кои започнуваат од 14 часот, се среќаваат и Тетекс – Кораби, Беса – Велешта.
ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
СИЛЕКС – ГОСТИВАР
ТЕТЕКС – КОРАБИ
ОХРИД – ВАРДАР
КАДИНО – ВОСКА СПОРТ
БЕСА- ВЕЛЕШТА
ТАБЕЛА
1.СИЛЕКС 41
2.ВОСКА СПОРТ 32
3.ВАРДАР 29
4.ТЕТЕКС 21
5.КОРАБИ 20
6.ГОСТИВАР 17
7.ОХРИД 15
8.ВЕЛЕШТА 14
9.БЕСА 13
10.КАДИНО 6