И на истокот денеска стартува пролетниот дел од сезоната 2021/22. Според табелата јасно е дека дури четири екипи имаат свои амбиции и желби за освојување на тоа прво место во ВМФЛ –ИСТОК кое води директно во елитата,додека второто место ќе носи бараж. Победа и Слога (В) имаат по 32 бода, Саса еден помалку е Беласица пак 28. Тоа се тие екипи кои ќе водат битка за највисок пласман во пролетната полусезона.
На денешните мечеви Победа му гостува на Братство, Беласица игра со Осогово исто на гости, додека Саса се среќава дома со Кожуф. Слога Виница го дочекува тимот на Пехчево, некогашниот Кит Го.Во секој случај се очекува интересна пролетна полусезона, ќе видиме кој на крајот ќе се радува.
ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
БРАТСТВО – ПОБЕДА
ТИМ ЛОКОМОТИВА – ДЕТОНИТ
ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА
СЛОГА (В) – ПЕХЧЕВО
САСА – КОЖУФ
ТАБЕЛА
1.ПОБЕДА 32
2.СЛОГА (В) 32
3.САСА 31
4.БЕЛАСИЦА 28
5.КОЖУФ 20
6.ПЕХЧЕВО 19
7.ОСОГОВО 19
8.ДЕТОНИТ 16
9.БРАТСТВО 7
10.ТИМ ЛОКОМОТИВА 6