Голема радост во таборот на Воска Спорт по победата над Кадино на гости со 0:2. Но уште поголем беше радоста кај сите во овој клуб откако слушнаа дека нивниот ривал Вардар не успеал да победи во Охрид.
Па така како што доликува, момците на стратегот Раде Цицмиловиќ заедно со останатите од експедицијата на Воска Спорт денеска во Кадино, направија победничко селфи.
Се разбира “петката“ што беше покажана беше поздрав за Вардар. Сега Воска Спорт има цели пет бода предност пред лутиот ривал.
Дали битката за второто место во ВМФЛ – ЗАПАД кое води во баражот, заврши уште на стартот на пролетниот дел.
Останува да се види…