Го освои трофејот во Далас па доби казна за бизарна причина

140

Американскиот тенисер Рајли Опелка, 20-ти на светската АТП листа, го освои турнирот во Далас, но неговиот триумф го расипа бизарна казна која ја доби за време на доделувањето на блескавото одличје.
Опелка го победи сонародникот Џенсон Броксби па покрај трофејот доби и казна поради тоа што носел капа за време на доделувањето на трофејот. Во писмото пишувало дека тој ги прекршил правилото на АТП со што ќе мора да плати парична казна за непочитување на истото.
Ова правило го изненади и поранешниот тенисер Енди Родик кој во текот на целата кариера носеше капа и не ја симнуваше.
„Ова е болно глупава политика на АТП“, изјави Родик.

 

ПретходноБадел 1862 ја демолира Струга 2009 за финале на Купот
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ и Академија ФМП во битка за историско финале