Вардар 1961 не успеа да продолжи победнички по одличната игра против Монпеље, и во Нашице. Македонскиот првак на гостувањето кај Нексе беше совладан со 28-23 по вторпат за само седум дена. Ова беше втор пораз во низа во регионалното натпреварување на стартот на сезоната.
Давид Дејвис на оваа средба не сметаше ниту на Тимур Дибиров, а од претходно не отпатуваат Анте Гаџа и Борко Ристовски.
„Би рекол дека бевме доста уморни од претходните натпревари и тоа беше клучно, па за жал загубивме. Морам да потенцирам дека црвениот картон кој му беше доделен на нашиот играч во првото полувреме беше од големо значење за нас. Им честитам на ракометарите на Нексе за заслужената победа“, рече Давид Дејвис.
Филип Талески пак призна дека одиграле спротивно од тактиката која што ја договориле пред овој дуел.
„Не треба да се извинуваме за поразот, бидејќи не ја одигравме договорената тактика. Се обидовме да се вратиме во игра, но домашните ракометари имаа одговор за секое наше враќање. Им честитам на победата“, изјави Талески.