ДО КОГА СТРАНЦИТЕ ЌЕ ПРАВАТ ШТО САКААТ? Срамен потег на Милошевиќ, му се нафрли на Хот (ВИДЕО)

4151

Македонија е чудесна земја, во која дефинитивно странските спортисти уживаат во сите благодети. Токму силата која им ја даваат фановите, па и самите клубови, им дозволува да се прават газди на сметка на македонските играчи.

Една ваква мизерна ситуација видовме вечерва за време на полуфиналната пресметка меѓу МЗТ Скопје и Феникс во рамките на Купот на Македонија. Немања Милошевиќ ја покажа својата неспортска култура, покажа колку е низок. Иако дуелот меѓу Рикиќ и Хот немаше никаква допирна точка со него, си зеде за сила и за право да му се стави во лице на младиот кошаркар на Феникс. СРАМНО!!! Оправдувањето за ваквиот потег го бара во претходниот дуел, кога Хот го сопна и падна доле, но дали тоа е вистинска причина за вакво однесување?

Милошевиќ вака може да се однесува во земјата од каде што доаѓа, таму може слободно да ја покаже својата сила. Истиот овој кошаркар требаше веднаш да добие исклучувачка грешка, тоа е најмалата казна за вакво бизарно однесување.

Да се надеваме дека македонските кошаркари во таборот на МЗТ Скопје, заедно со раководството на клубот убаво ќе му одржат лекција, па и дури јавно ќе го принудат да се извини.

Секоја чест за Рикиќ, кој пак веднаш трна по него.

ПретходноРома се извлече од „мртвите“, Мурињо доби црвен картон (ВИДЕО)
СледноШампионот падна пред Тотенхем, Ливерпул трие раце (ВИДЕО)