Е.Пелистер 2 без проблем против Радовиш

340

Е.Пелистер 2 не дозволи изненадување на две кола до крајот на Супер-лигата. Избраниците на Александар Јовиќ го запишаа 13. триумф оваа сезона, откако на домашен терен го совладаа Радовиш со убедливи 35-23 и ставија печат на пласманот во плеј-офот.

Првото полувреме мина поизедначена битка. Домашниот тим поведе со 5-1, но гостите не се предадоа, намалија на 5-4. На секое поголемо водство на противникот, Радовиш имаше одговор, вака беше до одморот. По 16-14, Е.Пелистер 2 ја зацврсти играта во одбраната, нападот функционираше добро, на крајот говорат и вкупните 35 гола.

Анастасијевиќ и Ѓорѓевиќ со по шест погодоци беа први стрелци, на другата страна Постолов запиша 10 погодоци.

ПретходноПолувреме во Велес: Маркоски „стрела“ за водство на Шкендија!
Следно“Комити“ предизвикаа инцидент во Охрид! (ФОТО)