Запад:Инциденти во Охрид и Вардар не победи, Воска убедлива, кикс на Силекс…

5308

Жешко и тоа како беше во Охрид, на дербито од 16.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, или прво пролетно. Инциденти на трибините, кои беа добро исполнети со публика, а нервоза на теренот. Меч кој заврши 0:0. Ова е голем кикс на Вардар, меч кој мораше да го добие, но Охрид имаше шанси дури и за победа. Во финишот на средбата Гачевски го спасуваше својот тим од пораз.

Да, Вардар ја имаше иницијативата, но сепак на крајот освои само бод.

Овој резултат и тоа како добро и дојде на Воска која победи на гости кај Кадино со 0:2 и тоа со головите на Гафури и Емини. Сега разликата е цели пет бодови за Воска, Вардар е во крајно незавидна ситуација.

Кикс и на лидерот. Силекс дома со Гостивар одигра само 1:1. Спиркоски беше стрелец за кратовци, а Велинов му донесе бод на Гостивар.

Тетекс со 2:0 го совлада составот на Кораби, стрелци беа Спасовски и Елмази. И во последниот меч од ова коло Беса со 3:1 ја победи Велешта.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 16.КОЛО

СИЛЕКС – ГОСТИВАР 1:1

ТЕТЕКС – КОРАБИ 2:0

ОХРИД – ВАРДАР 0:0

КАДИНО – ВОСКА СПОРТ 0:2

БЕСА – ВЕЛЕШТА 3:1

ТАБЕЛА

Силекс 42, Воска Спорт 35, Вардар 30, Тетекс 24, Кораби 20, Гостивар 18, Охрид 16, Беса 16, Велешта 14 и Кадино 5

ФОТО: Охридњус

ПретходноУбедливи тетовци: Шкендија со “тројка“ во Велес, Борец оштетен за пенал!
СледноКУП НА Македонија: Вардар падна во финишот, Баскет Кам ќе го брани трофејот