Зијеш е херојот на Челзи, Лиепрул со пресврт до домашен триумф (ВИДЕО)

91

Тимот на Челзи со голот на Хаким Зијеш во последните секунди од мечот, успеа да слави на гостински терен кај екипата на Кристал Палас и на тој начин да го освои 50. бод сезонава. Челзи се мачеше во текот на целиот меч, но овојпат имаше среќа да погоди кога беше најмногу потребно.

Од друга страна пак, екипата на Ливерпул успеа на домашен терен да победи со 3:1, и покрај тоа што противникот, екипата на  Норич поведе во првиот дел. Сепак, по паузата, Мане, Салах и Диаз, ги доведоа работите на свое место.

Резултати:

Арсенал – Брендфорд 2:1

Астон Вила – Ватфорд 0:1

Брајтон – Барнли 0:3

Кристал Палас – Челзи 0:1

Ливерпул – Норич 3:1

Саутемптон – Евертон 2:0

ПретходноАтлетико им се врати на победите
СледноСерафимов подобар од Цветановски во „унгарското“ дерби