Исток: Фаворитите сигурни на стартот од пролетниот дел!

511

И на истокот се играше првото пролетно коло во текобната сезона. Интересно, ниту еден кикс на фаворитите кои имаат амбиции за највисок пласман, Победа со 1:4 славеше кај Братство и тоа со головите на хет-трикот на Мазари, а еден даде Димоски. За домашните стрелаше Реџепи.

Беласица со 0:3 го победи домашниот Осогово. Струмичани уште во раната фаза ја заверија победата.

Слога во Виница малку потешко од очекувањата славеше против Пехчево со 2:1, додека Саса го победи Кожуф со 1:0. И во последниот меч екипата на Детонит како гостин беше убедлива кај ТИМ Локомотива и победи со 0:3.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 16.КОЛО

БРАТСТВО – ПОБЕДА 1:4

ТИМ ЛОКОМОТИВА – ДЕТОНИТ 1:3

ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА 0:3

СЛОГА (В) – ПЕХЧЕВО 2:1

САСА – КОЖУФ 1:0

ТАБЕЛА

Победа 35, Слога (В) 35, Саса 34, Беласица 31, Кожуф 20, Пехчево 19, Осогово 19,Детонит 19, Братство 7 и ТИМ Локомотива 6.

ПретходноКУП НА Македонија: Вардар падна во финишот, Баскет Кам ќе го брани трофејот
Следно„Чеканите“ само до бод против Њукасл!