КУП НА Македонија: Вардар падна во финишот, Баскет Кам ќе го брани трофејот

168

За разлика од првата полуфинална двојка, на вториот меч видовме вистинска битка на теренот во „Кале“. Победникот беше решен во последната четвртина, место во финалето обезбеди екипата на Баскет Кам која славеше со убедливи 74-64. Кошаркарките од Македонска Каменица за противник ја имаат екипата на Бадел 1862 во репризата од минатогодишното финале.

Три кошаркарки на Баскет Кам запишаа дабл-дабл, Јелена Антиќ имаше 17 поени и 11 скока, Алексиќ постигна 18 поени и 10 скока, Пуљизовиќ имаше 12 поени и 17 скока. Кај Вардар, Наков исто имаше дабл-дабл од 27 поени и 10 скока.

Во првата четвртина двата тима заедно постигнаа скромни 20 поени, за два подобар беше составот на Вардар. Но, тоа пак не значеше ништо, на другата страна Баскет Кам го доби следниот период со 20-18, па на одморот беше егал 29-29.

Слично помина и третата четвртина, водството постојано се менуваше, „црвено-црните“ имаа позитива од три поени 38-41, која беше тешко да се одржи. Во овој дел, тренерот Александар Ашаданов и клупата заработија по една техничка грешка.

Бранителот на трофејот во последната четвртина отвори со серија од 11-3, по три и пол минути игра дојде до предност од со девет поени (57-48), со поените на Поп-Димитровска, Антиќ и Алексиќ.

Тасевска со тројка донесе двоцифрени 66-56 на три минути до крајот. Ниту ова не беше доволноза мирна завршница, со две тројки Вардар дојде на минус пет 67-62 и покрај тоа што остана без најдобрата кошаркарка Наков, која направи пет лични грешки.

Искусната Јелена Антиќ постигна важни три поени (два, плус еден) и го најави пласманот во финалето.

ПретходноЗапад:Инциденти во Охрид и Вардар не победи, Воска убедлива, кикс на Силекс…
СледноИсток: Фаворитите сигурни на стартот од пролетниот дел!