КУП НА МАКЕДОНИЈА: МЗТ Скопје на искуство до финале, за ТФТ ќе треба повеќе (ФОТОГАЛЕРИЈА)

246

МЗТ Скопје ќе го брани трофејот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Актуелниот македонски првак ја оправда фаворитската улога против Феникс, го совлада со 76-66 иако не блескаше на оваа средба. Во финалето тимот од Аеродром ќе игра против ТФТ и ќе го „брка“ 11. трофеј, за да стане единствен ќе мора да одигра многу подобро.

Кошаркарите на Феникс во ниту еден момент не поведоа на оваа средба. На другата страна, со тројка на Дамјан Стојановски на истекот на 10. минута, МЗТ Скопје за првпат дојде до двоцифрено водство (27-17).

Не сме промени ништо ниту во следниот период. Со двата поени на Рикиќ, предноста отиде на 36-19 во 12 минута. Сепак упрниот дебитант, не се предаваше, на одморот намали на минус девет (46-37), а потоа со две тројки во 24. Минута намали на 51-48.

Војдан Стојановски ја презеде одговорноста, заедно со Николов и Дејвис одново ја вратија двоцифрената предност (63-52). Николов погоди тројка, па МЗТ Скопје почна да го гради патот кон победата, разликата од 14 поени (66-52) беше доволна за еден искусен тим. На другата страна Феникс покажа зошто оваа сезона е еден од најнезгодните тимови, не дозволи да биде прегазен во историското полуфинале.

Победничкиот тандем беа браќата Војдан и Дамјан Стојановски, заедно постигнаа 32 поени. Двоцифрен беше и Кари со десет поени. Кај Феникс, Трајковски имаше 17 поени и 7 скока.

Дамка на мечот остави Милошевиќ со својот неспортски потег кон Хот.

 

ПретходноСтрумица победи во градското дерби, прва радост за Вардар
СледноЛидерот неприкосновен и на стартот на пролетниот дел