КУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ доминантно преку „Академците“ до историско финале (ФОТО)

181

ТФТ е победник на првата полуфинална пресметка во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Тимот од Тафталиџе беше подобар од Академија ФМП (94-72) и испишаа нова историска страница, за првпат ќе играат финале, ќе се борат за трофејот. Таму за противник ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу МЗТ Скопје и Феникс.

Хортон со 20 поени и 5 скока беше прв стрелец, зад него беше Костоски со 16 поени и 10 асистенции. Кај поразениот состав, Ајви стандардно постигна 20 поени, додаде уште 6 скока, Крстајиќ беше стрелец на 14 поени. 

Во првите пет минути се водеше изедначена битка. ТФТ на крилата на Николов, Маслинко и Костоски поведе со 23-17 во седмата минута. Првата четвртина заврши со 26-24 во корист на тимот од Тафталиџе, кој пак главниот чекор во овој меч го направи токму на стартот на следниот период. Отвори со серија од 13-4 и во 14. Минута имаше двоцифрена предност од 39-28, пред полувремето со двете слободни фрлања на Хортон одново имаше плус 11 (50-39), Ајви намали на 50-41.

И по одморот кошаркарите на ТФТ беа подобри, по само четири минути игра предноста беше 62-46, не се промени ништо до крајот, позитивата од 12 поени (69-52) пред стартот на последните десет минути се покажа како доволна.

На другата страна притисокот растеше, па Александар Петровиќ, тренерот на Академија ФМП заработи техничка грешка. Неговиот тим никако не успеваше да дојде до негатива со која ќе успее да се врати целосно во мечот. Симит зголеми на 78-59 на пет минути до крајот и го најави пласманот во финалето.

ПретходноСерафимов подобар од Цветановски во „унгарското“ дерби
СледноСмилковски: Одиме во финале по прв историски пехар