КУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ и Академија ФМП во битка за историско финале

116

Маратонот во салата „Кале“ продолжува. Денот број два во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ во машка конкуренција е посветен на полуфиналните пресметки.

По големото изненадување вчера и победата над Пелистер, ТФТ денеска (17 часот) ќе се сретне со Академија ФМП, во првата битка за место во финалето. И двата тима испишаа историја, сега истата може да биде збогатена. Ниту ТФТ, ниту Академија ФМП немаат играно финале. Избраниците на Александар Петровиќ до полуфиналето стигнаа преку Еуро Никел, последни играа, па времето за одморот за разлика од својот противник е прекратко.

Во второто полуфинале, бранителот на титулата МЗТ Скопје ќе игра против дебитантот Феникс. Иако актуелниот првак има големо искуство, сепак добро е познато дека токму Феникс му нанесе еден од трите порази. Дефинитивно ќе биде интересно, оваа средба е закажана со почеток во 19:30 часот.

ПретходноГо освои трофејот во Далас па доби казна за бизарна причина
СледноПолувреме во Велес: Маркоски „стрела“ за водство на Шкендија!