Лидерот во домашното одбојкарско првенство, екипата на Струмица, оствари убедлив триумф од 3:0 над Лирија на стартот на пролетниот дел од сезоната. Во премиерното коло од втората фаза на натпреварувањето, во плеј-офот, струмичани ја продолжија победничката низа.
Во вториот меч одигран вечерва во плеј-оф делот, убедлив триумф прокнижија и одбојкарите на Универзитет во Тетово кои славеа против Борец со максимален резултат.
Во рамките на плеј-аут делот, втората фаза со победи ја почнаа Весна Пробиштип и Јанта Волеј. Дербито на премиерното коло меѓу Шкендија и Вардар е закажано за во понеделник.
ПРВА ЛИГА (М)
ВТОРА ФАЗА 1 / 1. КОЛО
Струмица 47&72 – Лирија 3:0 (25:15, 25:20, 25:20)
Универзитет во Тетово – Борец 3:0 (25:12, 25:18, 25:22)
Шкендија – Вардар (понеделник)
ВТОРА ФАЗА 2 / 1. КОЛО
Весна Пробиштип – Македонија Џио 3:0 (25:11, 25:15, 25:12)
Јанта Волеј – Дибра Волеј 3:1 (25:19, 25:18, 18:25, 25:19)