Остапенко го освои Дубаи и по 4 години се враќа во ТОП 15

196

Летонската тенисерка Јелена Остапенко ја освои својата петта ВТА титула откако денеска во Дубаи во финалето славеше над Кудерметова. Остапенко ја победи Русинката со 6-0, 6-4 во финалето во Дубаи, а за тоа и беа потребни само 65 минути.

За победничката на Ролан Гарос од 2017 година ова беше прв трофеј по минатогодишниот триумф на Истбурн, а на патот кон титулата во Дубаи победи дури четири гренд слем победнички: Американката Софија Кенин, Полјачката Ига Свјатек, Петра Квитова од Чешка и Романката Симона Халеп.

Благодарение на оваа титула, Остапенко по речиси четири години ќе се врати во првите 20 на ВТА ранг-листата, а во понеделник ќе ја заземе 13-та позиција.

ПретходноНант во едно полувреме го симна ПСЖ од облаци (ВИДЕО)
СледноЏака повторно направи глупост – навивачите на Арсенал се бесни (ВИДЕО)