Сосема спротивно од атмсоферата во таборот на ТФТ, во тимот на Навико Академија ФМП разочарување од денешниот настап, кој како и за секоја екипа во оаа фаза, беше голема шанса за успех во купот сезонава.
„Ова беше заслужена победа на ТФТ. Ние потфрливме во секој сегмент, посебно во одбраната, а нападот ни беше дезорганизиран. Тука го гледам поразот. Повеќе желба имаше ривалот од нас, не е дека немавме и ние… но кај нас се виде заморот. Можеби противникот имаше повеќе време за одмор, но тоа не е оправдување, нè надиграа во секој сегмент. ТФТ знаеше што сака во напад, ние игравме со доста дриблинзи, и немавме идеја, па тоа ни донесе пораз“. – изјави кормиларот на Навико Академија ФМП, Александар Петровиќ.