Заврши првиот дел од првиот меч од 20.коло во ПМФЛ меѓу Борец и Шкендија. Во Велес гостинската екипа на Шкендија води со 0:1 и тоа со деби – голот на Кире Маркоски за тетовци во 44.минута. Убаво се снајде репрезентативецот, биеше со глава и успеа да го совлада Алчевски. Да кажеме дека во 20.минута Маркоски имаше зицер, но тогаш Алчевски фантастично го одбрани.
Инаку шампионот не блеска, иако ослабен со неиграњето на 5-6 фудбалери тимот на Борец одлично и се спротиставува на Шкендија, но доволно беше една невнимателност на одбраната па велешани да примат гол.