Паола Скитекат Седас до пред неколку дена беше дел од организацискиот одбор за Светското првенство во Катар годинава, но побегнала оваа земја за да избегне затворска казна и камшикување, пишуваат медиумите во Мексико.
Сонот да биде организатор на големото натпреварување кратко траел, еден од колегите сексуално ја злоставувал.
Таа го пријавила овој случај, но никој не сакал да и помогне. Таа го опиша и чинот на силување.
„Успеав да останам присебна, и раксжав на мојата мајка и се фотографирав. Го пријавив овој случја“, изјави Паола.
Нејзината приказна станала уште побизарна бидејќи не ја добила заштитата од полицијата, посебно се разочарала од реакцијата на амбасадата на Мексико во Доха. Дошла во полициска станица и сфатила дека не е таа што тужи, дека веќе била обвинета. Нејзиниот колега ја пријавил како девојка, па целата ситуација станала комплицирана.
„Бараа тест за невиност бидејќи во Катар за вонбрачни односи се добива казна од седум години затвор и сто удари со камшик. Одеднаш мојата приказна повеќе не беше важна. Целиот случај се темелеше обвинение за вонбрачни врски, додека јас бев цела со модринки. Адвокатот едвај и прозборе, а на крајот мораа да ми го проверат мобилниот“, изјави Мексиканката, која успеа да се врати во својата земја.