Нова уверлива победа на ракометарите на Алкалоид во меч од Првата лига, и тоа против Текстилец, со резултат 50:22 (23:12). Во текот на целиот меч Алкалоид, во натпреварот кој се играше во “Борис Трајковски“ во Скопје, не му даде ниту теоретска шанса на својот ривал дека може барем да стигне до некакво изненадување. Од напад во напад, од минута во минута се полнеше голот на гостите од Штип, за да на крај четата на тренерот Савевски застана на 50 голови.