Рангник се огласи за капитенската лента во Јунајтед!

250

Во последните неколку дена на Островот на големо се пишува дека Манчестер Јунајтед би можел да добие нив капитен. Хари Мегваер ја загуби довербата во соблекувалната, а нов капитен би требало да стане Кристијано Роналдо.

Повремениот тим менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник ги демнатираше овие информации, потврди дека до крајот на оваа сезона англискиот дефанзивец ќе остане да ја извршува капитенската функција.

„Мегваер е капитен на Манчестер Јунајтед, така ќе остане до крајот на сезоната. Немам што да кажам друго на таа тема. Ви кажав и претходно, никогаш немало проблем околу тоа кој е капитен. Да бидам искрен, не слушам многу што се зборува, фокусиран сум на подготовките за тренинзите и натпреварите“, изјави германскиот стратег.

Следен предизвик за Јунајтед во Премиер-лигата е Лидс, по што следи пресметката со Атлетико Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони следната недела.

ПретходноДејвис: Бевме многу уморни, за жал изгубивме!
СледноИвановски со гол и асистенција во триумфот на Динамо Букурешт! (ВИДЕО)