Реал им се врати на победите, сигурен триумф над Алавеш (ВИДЕО)

159

По ремито со Виљареал во минатото коло и поразот кај ПСЖ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Реал (М) вечерва им се врати на победите. На домашен терен во меч од 25. коло на Ла Лига, момците на Карло Анчелоти со 3:0 го совладаа тимот на Алавеш и ја прокнижија седумнаесетата сезонска победа.

Одлуката за победникот падна во второто полувреме. Асенсио во 63. минута со еден фантастичен погодок отвори за 1:0, додека Винисиус Јуниор во 80. минута го потврди триумфот. Во завршницата „кралевите“ погодија и третпат, овој пат преку Бензема од пенал за конечни 3:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМилан „киксна“ против фенерџијата (ВИДЕО)
СледноНант во едно полувреме го симна ПСЖ од облаци (ВИДЕО)