Екипата на Рома, иако на домашен терен требаше да има лесна задача во дуелот со Верона попладнево, тоа во пракса се покажа како лажна слика. Не само што Верона освои бод во ремито од 2:2, гостите на овој меч треба да се разочарани затоа што не победија. Имаа водство уште од самиот старт на мечот преку Барак, кој погоди во 5. минута, за да Тамезе во 20. веќе зголеми на 0:2.
Домашните се рабудија дури во последните половина час, кога Волпато намали на 1:2, а Бове во 84. изедначи на 2:2.
Темпераментен како што целиот свет добро го познаа, тренерот на домашните Жозе Мурињо во последните моменти од мечот заработи исклучуање.