Швеѓанецот, Нил ван дер Пул се најде во центарот на вниманието на Зимските Олимписки игри, откако освои две златни медали во трките на пет и десет километри, приреди скандал во Пекинг. 25-годишникот кој ја прекина холандската доминација во брзо лизгање и постави светски рекорд, испрати сериозни навреди на сметка на организаторот на Игрите.
Актуелниот кинески режим го спореди со Адолф Хитлер, потенцирајќи дека Пекинг не требало да ја добие организацијата.
Неговата изјава за кратко време се прошири низ целиот свет, тој потенцира дека стравува за безбедноста на шведската делегација.
„Навистина сметам дека е страшно, не би требало да зборувам бидејќи се уште имаме тим во Кин“, изјави ван дер Пул.
Тој најверојатно живее во страв, иако до сега освои две златни метали и немаше проблем со властите во Кина. Сепак на два дена пред крајот на ЗОИ ги спореди Кинезите со Хитлер.
„Олимписките игри се најголем настан, нешто што го собира на едно место целиот свет. Но, и Хитлер беше организатор (1936 година во Берлин) пред да ја нападне Полска, и Русија беше организатор (2018 во Сочи) пред да ја нападнат Украина“, заклучи Швеѓанецот.
Оваа скандалозна изјава е дополнета со заклучок дека Пекинг не требало да биде организатор за ЗОИ.
„Сметам дека е исклучително неодговорно што Игрите и се доделуваат на земја која ги крши човековите права, како што тоа го прави Кина и кинескиот тежим“.