Смилковски: Одиме во финале по прв историски пехар

101

Екипата на ТФТ ќе игра во финалето на 29. издание на Купот, кој од лани го носи името на „Благоја Георгиевски-Буштур“. ТФТ беше доста подобар од противникот, избраниците на тренерот Боро Смилковски ја доработија задачата како што треба, а тој, кој не го криеше задоволството по крајот на мечот.

„Тоа што најмногу го добивме со Пелистер, беше што си докажавме на самите дека можеме со подобри екипи. Не може да кажам дека е лесно кога ќе го елиминираш Пелистер кој немаше пораз, а сега да победиш со ФМП… Но најдовме време да се рехабилитираме доволно за овој натпревар. Овој ривал ни беше голем должник, годинава лигашкиот меч го загубивме во последната секунда. И тоа беше наш мотив дека дојде време конечно и ние да победиме. Домашниот терен и поддршката од публиката си го сторија своето, да имаме енергија цели 40 минути. Второто полувреме можеби за момент не беше добро за око, но бевме доста исцрпени. Во финалето немаме што да загубиме, но одиме во атак по првиот трофеј во историјата. Сакам во финалето да играме против МЗТ Скопје, тоа е моја желба“. – изјави Смилковски. 

 

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ доминантно преку „Академците“ до историско финале (ФОТО)
СледноПетровиќ: Не одигравме како што треба, ТФТ заслужено е во финале