Струмица победи во градското дерби, прва радост за Вардар

354

Големото струмичко дерби на стартот од пролетната полуетапа во домашното одбојкарско првенство кај дамите им припадна на одбојкарките на Струмица кои успеаја во четири сета со 3:1 да го совладаат есенскиот вицешампион Наковски Волеј. Во исклучително интересен меч, Наковски Волеј тргна подобро и го освои првиот сет, но потоа следуваше блесок на одбојкарките на Струмица кои се вратија со импресивна партија за конечна победа од 3:1.

Лидерот на табелата Работнички беше доминантен против Јанта Волеј КВ обезбедувајќи максимална победа, а за издвојување е и првата радост за одбојкарките на Вардар кои славеа над Фит Фан Волеј за први бодови сезонава.

ПРВА ЛИГА (Ж) – 14. КОЛО

Работнички – Јанта Волеј КВ    3:0 (25:11, 25:19, 25:15)

Вардар – Фит Фан Волеј              3:1 (24:26, 25:15, 25:19, 25:21)

Струмица – Наковски В.              3:1 (14:25, 25:17, 25:16, 25:23)

Универзитет во Тетово – Пелистер В. (понеделник)

ТАБЕЛА:  1. Работнички 40, 2. Наковски В. 34, 3. Струмица 32, 4. Јанта Волеј КВ 26, 5. Фит Фан В. 12, 6. Пелистер В. 10, 7. Универзитет во Тетово 8, 8. Вардар 3.

ПретходноШампионот падна пред Тотенхем, Ливерпул трие раце (ВИДЕО)
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: МЗТ Скопје на искуство до финале, за ТФТ ќе треба повеќе (ФОТОГАЛЕРИЈА)