Тошевски на нова позајмица: Сега ќе игра за Землин Михаловце

449

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски повторно го смени клубот. Од 2020 година кога отиде во Ростов, рускиот клуб го праќа на позајмици во други клубови каде треба да се докажува. Прво во Тамбов, па во полски Горник, а сега во словачки Землин Михаловце и тоа до крајот на сезоната.

Словачкиот тим води борба за опстанок во најсилната словачка лига, а моментално е на позиција 9 со 23 бодови.

Тошевски е екс играч ан Работнички, а сензација беше неговиот трансфер во Ростов. Но таму не заигра, а немаше ни минутажи во клубовите каде што беше позајмен.

Инаку тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија.

 

ПретходноИсториски ЗОИ за Нов Зеланд: Три медали од кои две златни
СледноБарди е меѓу 20-те најголеми фудбалери во историјата на Леванте