Убедливи тетовци: Шкендија со “тројка“ во Велес, Борец оштетен за пенал!

1178

Шкендија иако не блескаше сепак успеа убедливо да победи среде Велес против Борец со 0:3. На моменти шампионот одигра добро, но на моменти, посебно во првиот дел, велешани добро му се спротиставија на фаворитот.

Кире Маркоски во 44.минута реализираше за 0:1, тоа беше негов деби гол во дресот на Шкендија. Имаше Маркоски уште една шанса во првиот дел.

Само што започна второто полувреме Гури ја погоди стативата на велешани, а во 60.минута Тимовски постигна убав гол за зголемување на водството на тетовци од 0:2.

Треба да се каже дека во 69.минута домаќините беа оштетени за чист пенал, откако еден гостински играч играше со рака во својот казнет простор.

Сепак на победата на Шкендија не може да и се замери, посебно ако се знае Дита во 78.минута постигна гол за 0:3.

Се на се добра игра на Шкендија, можеби малку на “мускули“ што се вели, не блескаа тетовци, но сепак три бода си се три бода, посебно со вака убедлив резултат од 0:3.

Ова беше првиот меч од 20.коло во ПМФЛ, сите останати се играат утре со почеток во 14 часот.

Претходно“Комити“ предизвикаа инцидент во Охрид! (ФОТО)
СледноЗапад:Инциденти во Охрид и Вардар не победи, Воска убедлива, кикс на Силекс…