Тимот на Хофенхајм во моментов е екипа која што е на четвртото место во Бундес лигата благодарение на денешниот триумф на гостински терен против Волфсбург.
Иако домашните преку Винд поведоа на овој меч сепак во вториот дел се случи целосен пресврт. Брун Ларсен во 73. односно Андреј Крамариќ во 78. минута на Хофенхајм му донесоа предност, а потоа и конечна победа.
Фрајбург исто така одигра меч како што посакуваше, затоа што го совлада Аугзбург со 1:2. Петерсен и Шлотербек беа стрелци за победничкиот тим.
Резултати:
Арминија Билефелд – Унион Берлин 1:0
Аугзбург – Фрајбург 1:2
Штутгарт – Бохум 1:1
Волфсбург – Хофенхајм 1:2