Денеска со мечот во Велес меѓу Борец и Шкендија, се отвора 20.коло или второ пролетно во ПМФЛ. Нема дилеми дека тетовци се големи фаворити. Се освен лесна и сигурна победа на четата на Бруно Акраповиќ ќе биде голема сензација. Борец пак се надева дека ќе може да го изненади фаворитот, дека ќе може да освои барем бод кој и тоа како би бил значаен во битката за опстанок.
Шкендија пролетва тргна силно. Успеа на свој терен да ја победи Струга ТЛ со 3:1. Сепак иако е втора, разликата во однос на лидерот Шкупи е преголема, па така секој кикс на шампионот ќе значи и збогување на сите надежи дека до крајот тетовци ќе можат да го стигнат тимот од Чаир.
Незири и Мерџани се повредени, додека сите останати играчи му се ставени на располагање на Акраповиќ.
Натпреварот се игра на стадионот во Велес со почеток од 14 часот. Останатите пет средби од 20.коло во ПМФЛ се играат утре.