Ѓорѓиев и АЏХ Волеј се пласираа во финалето на МЕВЗА лигата

88

Никола Ѓорѓиев и АЦХ Волеј се пласираа во финалето на Централно-европската лига МЕВЗА, откако вечерва во второто полуфинале ја совладаа австриска Посојилница/Доб со максимални 3:0.

Во финалето на завршниот турнир во Плиберк, љубљанскиот тим ќе се бори со екипата на Младост Загреб, која во првото полуфинале славеше над вториот словенечки тим, Марибор.

Одбојкарите на АЦХ Волеј ги оправдаа очекувањата и со својата 41-ва сезонска победа се пласираа во финалето. Тие во сите елементи на играта беа супериорни во однос на ривалите, но пред се доминираа на сервисот.

Никола Ѓорѓиев повторно беше втор поентер кај победниците со 12 реализирани поени.

ПретходноРадуловиќ: Во финалето влегуваме со една цел – победа!
СледноМилан „киксна“ против фенерџијата (ВИДЕО)