Јада на 56.место во крос – кантри маратонот!

108

Ставре Јада, македонскиот натпреварувач во крос – кантри заврши на 56.местo на 30 километарската трка на ЗОИ во Пекинг. Оваа трка требаше да биде на 50 километри, ова е маратонот, но сепак поради лошите временски услови организаторо одлучија да скрати на 30 километри.

Јада ја мина делницата за 1:25:41.8 час или со заостанување од 14:09.1 минути во однос на победникот Алејксандер Бошунов кој го освои златниот медал. Втор беше неговиот сонародник Иван Јакимушкин, додека трет заврши Норвежанецот Кругер.

ПретходноОлимпискиот првак во скок во височина со спектакуларно забивање на Ол-стар викендот (ВИДЕО)
СледноКуп на Македонија: Баскет Кам го брани трофејот, Бадел 1862 го „напаѓа“