Барди е меѓу 20-те најголеми фудбалери во историјата на Леванте

151

Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе меѓу дваесетте најголеми фудбалери во историјата на Леванте по бројот на натпревари за клубот во сите конкуренции. Барди има 150 настапи за клубот од Валенсија од кои 136 во Ла Лига, а другите во Купот на кралот.

Со настапот на „Метрополитано“ Барди ја презема 20-тката на списокот истиснувајќи ги Антонио Калпе и Рубен Гарсија.

Барди дојде во Леванте летото 2017 година од унгарски Ујпешт за 1,5 милиони евра и моментално е втор странец со најмногу настапи за клубот, веднаш зад некогашниот репрезентативец на БС Коска Феликс Етиен.

Со оглед дека до крајот има уште 14 кола, Барди може да го помине и Серхио Постиго кој има 152 натпеевари, Хорхе Бари кој запиша 157 натпревари или Тоњо Гарсија кој одигра 162 натпревари пред да замине во Еибар ова лето.

 

 

ПретходноТошевски на нова позајмица: Сега ќе игра за Землин Михаловце
СледноЗејнулаи: Работнички ќе се потруди да го сопре Шкупи!