Како што известува порталот „Охридњус“ жестоко е на мечот меѓу Охрид и Вардар, во првото пролетно коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Имено тука се и двете навивачки групи „Рибари“ и “Комити“,трибините на “Билјанини Извори“ се исполнети, а “комитите“ предизвикаа инцидент. Имено тие ја скршиле оградата што ги дели од останатиот дел на навивачите и се судриле со нив. Токму затоа мечот беше во прекин десет минути.
ФОТО: Охридњус