Иако со голот на Бранимир Хргота, тимот на Гројтер Фурт на денешното гостување кај тимот на Баерн Минхен успеа да поведе, и да води на полувреме, сепак, големиот фаворит на овој меч не дозволи сензација и во продолжението на мечот постигна четири гола.
Конечните 4:1 се дело на Левандовски кој погоди на два пати, Чупомотинг, како и автоголот на Гриесбек. Баерн тотално доминираше на овој меч имаше над дваесет удари кон противничкиот гол и реално заслужи да победи дури и со поголема разлика на овој меч.
„Баварците“ на овој начин го освоија, 55. бод, додека пак Гројтер Фурт реално веќе одамна се подготвува да се врати во „Цвајта“ затоа што во моментов има само 13. бода на своето конто.